Back Публикацијата „Регулаторните тела за медиуми и медиумскиот плурализам“ сега достапна и на македонски и српски јазик

Публикацијата „Регулаторните тела за медиуми и медиумскиот плурализам“ сега достапна и на македонски и српски јазик

Публикацијата „Регулаторните тела за медиуми и медиумскиот плурализам“ изработена во рамки на регионалниот проект „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“ е сега достапна и на македонски и српски јазик.

Публикацијата има за цел да придонесе кон пошироко сфаќање на концептот за медиумски плурализам, неговата институционална и политичка важност и фундаменталната улога на регулаторните тела за медиуми во оваа област. Во неа се анализира прашањето на медиумскиот плурализам низ призмата на европските стандарди, правните и институционалните рамки, постојната пракса и предложените мерки кон унапредување на различноста.

Оваа публикација е изработена во соработка со регулаторните тела за медиуми од Западен Балкан (јуни 2021 год.) и ќе служи како основа за бројни идни активности не само со регулаторните тела за медиуми туку и за другите релевантни чинители, со што ќе придонесе кон соодветна примена на европските стандарди и најдобрите практити, истовремено водејќи кон подобрувања во медиумскиот сектор во регионот.

Ова е трета публикација изработена во рамки на заедничките проекти на Европската Унија, Советот на Европа и регулаторните тела за медиуми во регионот. Претходните две во фокусот ги имаа говорот на омраза (2017) и заштитата на малолетниците/чките (2019).

Македонската и српската верзија на публикацијата се изработени во рамки на соодветните проекти за „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија и Србија“ имплементирани како дел од заедничната програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.

 

 Регулаторните тела за медиуми и медиумскиот плурализам

 Верзија на англиски јазик

 Верзија на македонски јазик

Верзија на српски јазик

Северна Македонија и Србија НОЕМВРИ 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page