Back Плурализам во медиумската сопственост во новата медиумска средина – нова објавена студија

Плурализам во медиумската сопственост во новата медиумска средина – нова објавена студија

Концентрацијата на сопственоста на медиумите е едно од главните регулаторни прашања во либерализацијата на медиумските пазари во сите европски земји. Денес овие прашања добиваат ново значење во контекст на дигиталните технологии, конвергенцијата, ширењето на новите интернет медиуми и фрагментирањето на пазарот и публиката. Преку активности за поддршка, заедничките проекти на Европската Унија и Советот на Европа на тема слобода на изразување и слобода на медиумите (ЈУФРЕКС), се стремат кон усогласување на овој сегмент со европските стандарди.

Во таа насока, земајќи го предвид фактот дека постојните правни правила се застарени, Европската Унија и Советот на Европа, во соработка со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Северна Македонија, изработија студија – Плурализам во медиумската сопственост во новата медиумска средина. Целта на студијата е да спроведе проценка на позитивните законски одредби за концентрација на сопственоста во аудиовизуелниот сектор и да препорача идни чекори во политиките што може да доведе до изготвување измени и дополнувања на Законот за медиуми и претежно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Студијата е изработена во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“, преведена на македонски јазик и достапна за сите заинтересирани. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократија, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, по потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

 Плурализам во медиумската сопственост во новата медиумска средина – Студија за Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги на Северна Македонија

англиски  македонски

Скопје 22 јули 2020 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page