Back Професионалци од правната област ги подобрија своите вештини за обезбедување на заштита на жртвите на трговија со луѓе во Северна Македонија

Професионалци од правната област ги подобрија своите вештини за обезбедување на заштита на жртвите на трговија со луѓе во Северна Македонија

Овој курс им обезбеди на судиите и обвинителите суштински теоретски и практични знаења за борбата против трговијата со луѓе, знаење кое е многу потребно во нашата секојдневна работа , бидејќи се справуваме со многу случаи на трговија со луѓе во одделот за организиран криминал“, изјави судија од Основниот Суд Скопје 1, кој учествуваше на првиот онлајн курс за борба против трговијата со луѓе на HELP (Образование за човекови права за правни професионалци).

Курсот за борба против трговијата со луѓе ги исполни очекувањата во однос на обемот на опфатените правни проблеми“, посочи адвокат, член на Адвокатската комора, кој беше учесник на курсот наменет за адвокати практичари.

Во јули 2020 година, 48 правни професионалци - судии, обвинители, адвокати и кривични истражители - ќе добијат сертификати за завршување на HELP курсот за борба против трговија со луѓе спроведен во рамките на проектот " Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија " и во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора.

Курсот придонесе кон зголемена заштита на жртвите на трговија со луѓе преку зајакнување на капацитетите на правните професионалци да спроведуваат истраги, да покренуваат обвиненија, да донесуваат пресуди и да обезбедат пристап до адекватни и ефективни правни лекови во рамките на случаите со трговија со луѓе.

Онлајн курсевите на HELP за борба против трговија со луѓе кои беа прилагодени на локалниот контекст во Северна Македонија , се спроведуваа помеѓу април и јули 2020 година. Учесниците беа едуцирани за борбата против трговијата со луѓе. Покрај тоа, тие имаа можност со истакнати експерти и со HELP туторите да дискутираат за наодите и препораките на анализата на политики околу позицијата и правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки во Северна Македонија, која исто така беше спроведена во рамките на проектот.

Проектот за „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „ Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022 година“.

Скопје 15 јули 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page