Back Дипломатскиот и конзуларен персонал во Северна Македонија вклучени во заштита на жртвите од трговија со луѓе

Дипломатскиот и конзуларен персонал во Северна Македонија вклучени во заштита на жртвите од трговија со луѓе

Северна Македонија е држава на потекло, транзит и дестинација за жени, мажи и деца подложени на трговија со луѓе со цел сексуална и трудова експлоатација, лажни бракови и принудно питачење.

Напредокот што Владата го има постигнато во идентификувањето на жртвите со поддршка од проектот “Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија”, е забележан во Годишните извештаи на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција. Во периодот меѓу 2019 и 2022 г. биле идентификувани 61 жртва, како домашни државјани така и странски.

и конзуларен персонал може да биде првата точка на контакт со лица за кои постои ризик да бидат жртви на трговија со луѓе. Тие може да спречат случување на кривичните дела, на пример при обработка на апликациите за виза. Понатаму, тие може да обезбедат советување и упатување на жртвите до давателите на специјализирани услуги. Со цел да се поддржи сообразноста на Северна Македонија со Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе, проектот спроведе обука за улогата на дипломатскиот и конзуларен персонал при идентификување, заштита и враќање на жртвите на трговија со луѓе во нивните земји на потекло.

Мигрантските кризи и војната во Украина ги зголемија ризиците поврзани со трговијата со луѓе. По посетата на претставниците на ГРЕТА и размената остварена со нив, Министерството за надворешни работи го засили интересот за организирање обука за трговија со луѓе“ - изјави Елена Бодева од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

21 учесници од Министерството за надворешни работи научија за работата на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, индикатори за идентификување на жртви и потребата за мулти-дисциплинарна соработка при идентификување на жртви, како и услугите кои НВО Отворена порта ги обезбедува за жртвите на трговија со луѓе.

Ана Бурагева, секретарка на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција објасни како дипломатскиот и конзуларен персонал може да придонесе во напорите против трговијата со луѓе. Билјана Лалова, главна инспекторка во Националната единица за сузбивање на криумчарење со мигранти и трговија со луѓе, ја претстави Националната единица, и информираше за случај на трговија со луѓе на 42 странски државјани присилени да извршуваат проневери на територијата на Северна Македонија.

Анкица Томиќ, Посебна советничка за род и еднаквост на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци, ја подигна свеста на учесниците за родово-заснованото насилство и родово-заснованиот пристап при работата со жртвите на трговија со луѓе и други форми на насилство.

Проектот „Спречување и борба против трговијата со луѓе“, е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, која за цел има да им помогне на земјите кориснички од Југоисточна Европа во исполнување на стандардите на Советот на Европа и правото на Европската Унија во рамка на процесот за проширување, онаму каде тоа е релевантно.

Скопје 27 октомври 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page