Back Што се тоа услуги за бесплатна правна помош? Информации за граѓаните од Северна Македонија

Што се тоа услуги за бесплатна правна помош?  Информации за граѓаните од Северна Македонија

Со цел да се информираат за можностите за бесплатна правна помош и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги, ќе организираме настан за подигање на свеста во Општина Виница - Општина Кочани - Општина Штип - Општина Шуто Оризари - Општина Дојран - Општина Битола - Општина Прилеп -  Општина Куманово - Општина Тетово - во Општина Делчево - Општина Охрид - Општина Струга

Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, чијашто цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош во Северна Македонија. Тие ќе се обидат да допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.

Информативните активности, организирани во 12 општини во Северна Македонија, од 13 јули до 20 август, се очекува да ги зајакнат знаењата за бесплатната правна помош меѓу жителите на локалните заедници, но, исто така и меѓу правните професионалци,  на тој начин подржувајќи поширок пристап и искористување на овие правни услуги, со особен фокус на ранливите групи, како што се жените и децата. 

Кампањата за БПП, којашто во Северна Македонија се спроведува од 2021 година, има за цел да ги промовира овие услуги како еден достапен и функционален механизам којшто нуди ефикасна правна заштита на граѓаните и најважно од се, осигурува еднаков пристап до правната помош за оние коишто инаку не би можеле да си ја дозволат.

Овој настан се организира во рамки на заедничкиот проект на Европската унија и на Советот на Европа “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, во тесна соработка со Министерството за правда на Северна Македонија и останатите членови на Националното координативно тело за бесплатна правна помош: подрачните одделенија на Министерството за правда, граѓански организации и правни клиники овластени да да даваат бесплатна правна помош (БПП). Проектот е дел од заедничката програма на СЕ-ЕУ “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022 г.”, иницијатива за соработка со која им се помага на земјите-кориснички во Западен Балкан и Турција да се усогласат со европските стандарди. 

 

Календар на настаните & Веб-страница
Северна Македонија 5 ЈУЛИ 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page