Back Најнови случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во областа на слободата на изразување во Билтенот бр. 4

Најнови случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во областа на слободата на изразување во Билтенот бр. 4

Билтенот за „Најновите случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во областа на слободата на изразување“ е уникатна алатка за споделување информации во врска со новите трендови и случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права (Судот). Придонесува кон дополнително зајакнување на капацитетите на домашните институции за обука на правните професионалци/ки, и е ажурирана алатка за нивните обучувач(к)и и обучувани. Во поширока смисла, им овозможува на правните професионалци/ки во Западен Балкан и пошироко да го подобрат своето знаење за применливите Европски стандарди и за динамичната судска пракса на Судот во оваа област.

Објавен во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, Хоризонтален инструмент II, Билтенот го анализира периодот август 2021-јануари 2022 година. Избраните пресуди се однесуваат на различни тематски области кои се опфатени во Членот 10 на Европската конвенција за човекови права (Конвенцијата), од така нареченото ‘право да се биде заборавен’ (област од судската пракса на Судот која е во подем), политичкото телевизиско емитување, правото на слобода на изразување на припадниците/чките на правосудството, правото на пристап до информации, прашањето дали постои право на ‘анонимност’ кога се оставаат коментари, и линијата помеѓу остро формулиран онлајн политички дискурс и неоправдани „навреди“. Истакнати се два случаи од посебна важност во кои Судот се повикува на важноста на соодветната заштита за правата на ЛГБТ групите од говорот на омраза и степенот до кој државите може да ја ограничат слободата на изразување во вонредна состојба.

Анализираните пресуди во најголем дел ја потврдуваат веќе воспоставената судска пракса, додека дел од нив дополнително ги појаснуваат Европските стандарди. Применувајќи го принципот на подреденост, во некои случаи Судот во голема мера го критикува домашното законодавство (на пр. доделувањето посебна заштита на угледот на шеф на држава со изрекување кривични санкции) или начинот на кој правосудството го применува домашното право.

Билтенот е достапен на англиски, албански, босански, македонски, црногорски и српски јазик, и е изработен во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и регионалниот проект „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“.

западен Балкан септември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page