Back Граѓани од локални заедници во 12 општини во Северна Македонија се информираа за користење на услугите за бесплатна правна помош

Општина Виница – Општина Кочани – Општина Штип – Општина Шуто Оризари – Општина Дојран – Општина Битола – Општина Прилеп - Општина Куманово – Општина Тетово – Општина Делчево – Општина Охрид – Општина Струга
Граѓани од локални заедници во 12 општини во Северна Македонија се информираа за користење на услугите за бесплатна правна помош

Со цел да се информираат локалните заедници во Северна Македонија за користењето и пристапот до услугите за Бесплатна Правна Помош (БПП), во јули и август, во дванаесет општини се организираа настани за подигање на свеста. Тим на проектот и експерти од областа ги посетија Општина Виница, Општина Кочани, Општина Штип, Општина Шуто Оризари, Општина Дојран, Општина Битола, Општина Прилеп, Општина Куманово, Општина Тетово, Општина Делчево, Општина Охрид и Општина Струга, допреа до многу граѓани и ги информираа за Законот за бесплатна правна помош и како истиот да се искористи.

За време на средбите, граѓаните имаа можност да им постават прашања на консултантите на Совет на Европа со огромно искуство во давање на бесплатна правна помош и да добијат одговори на истите. Средбите беа дел од кампањата за подигање на свеста за БПП, организирана во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и на Советот на Европа “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, во тесна соработка со Министерството за правда на Северна Македонија и останатите членови на Националното координативно тело за бесплатна правна помош: подрачните одделенија на Министерството за правда, граѓански организации и правни клиники овластени да даваат бесплатна правна помош.

Информативните активности, организирани во 12 општини во Северна Македонија, ќе ги зајакнат знаењата за БПП меѓу жителите на локалните заедници, но, исто така и меѓу правните професионалци, на тој начин подржувајќи поширок пристап и искористување на овие правни услуги, со особен фокус на ранливите групи, како што се жените и децата. 

Кампањата за БПП, којашто во Северна Македонија се спроведува од 2021 година, има за цел да ги промовира овие услуги како еден достапен и функционален механизам којшто нуди ефикасна правна заштита на граѓаните и најважно од се, придонесува кој овој процес на осигурување еднаков пристап до правната помош за оние коишто инаку не би можеле да си ја дозволат.

Оваа активност се организира во рамки на заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа, “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022 г.”, иницијатива за соработка со која им се помага на земјите-кориснички во Западен Балкан и Турција да се усогласат со европските стандарди. 

 

Северна Македонија 13 јули – 20 август 2022 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page