Back Здравствени работници во Северна Македонија го верификуваа Краткиот водич за идентификување и поддршка на жртвите на трговија со луѓе

Здравствени работници во Северна Македонија го верификуваа Краткиот водич за идентификување и поддршка на жртвите на трговија со луѓе

Проектот „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ во соработка со Институтот за јавно здравје и организациите од граѓанскиот сектор Отворена Порта и Центарот за истражување и креирање на политики, коавторски произведе Краток водич за здравствени работници за идентификување и поддршка на жртвите на трговија со луѓе. Преку примена на методологијата од фокус групите, проектот за цел имаше споменатиот Краток водич да биде достапен и лесно употреблив од страна на општите лекари, медицински сестри, екипите на брза помош, гинеколози, хирурзи, односно, од страна на здравствените работници кои може да дојдат во допир со потенцијални жртви на трговија со луѓе

Кога жртвата на трговија со луѓе бара медицинска помош, ова создава момент за него/неа да најде спас од безизлезната ситуација, и затоа здравствените работници играат важна улога во идентификување и пружање помош на жртвите на трговија со луѓе“ – изјави Др. Даниела Иванова Панова, гинеколог од Центарот за жртви на сексуално насилство. Таа ги објасни индикаторите кои здравствените работници можат да ги употребат при детектирање и идентификување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе.

Марија Тодоровска, Програмска Раководителка на граѓанската организација Отворена Порта со повеќе од дваесет годишно искуство на полето на борба против трговијата со луѓе, го објасни профилот на жртвите на трговија со луѓе и структурата за поддршка која постои во Северна Македонија, вклучително и Центарот за жртви на трговија со луѓе и родово насилство управуван од Отворена Порта. „Во државата, трендовите на трговија со луѓе постојано се менуваат. Додека во минатото жените жртви на трговија со луѓе доаѓаа од Молдавија, Украина, Русија, сега во пораст е внатрешната трговија со луѓе“ – потврди Марија Тодоровска.

Додека нацрт документот за Краткиот водич беше подготвен со учество на приближно 20 здравствени работници во две претходни фокус групи одржани во мај 2022, задачата на третата фокус група беше да го потврди нацрт материјалот. Четиринаесет здравствени работници разменија идеи и посочија добри предлози за унапредување на Краткиот водич под водство на Марија Ристеска, Извршна директорка на ЦИКП. Учесниците се изјаснија дека Краткиот водич е корисен. Тие меѓу другото, предложија континуирана едукација на темата трговија со луѓе за здравствени работници, како и дополнителни информации за идентификување на потенцијални жртви на трговија со луѓе меѓу лицата со пречки во развојот и за заштитата на здравствените работници од насилство. Краткиот водич ќе биде достапен на македонски, албански и англиски јазик во ноември оваа година.

Оваа активност беше организирана во рамки на проектот Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022 која за цел има да им помогне на корисниците во Западен Балкан и Турција да го почитуваат правото на Европската Унија во рамки на процесот на проширување.

Скопје 13 септември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page