Back ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЛЕТЕН СЕМИНАР ЗА БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА И ГОВОР НА ОМРАЗА ВО ОХРИД!

СКОПЈЕ, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 10 МАЈ 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЛЕТЕН СЕМИНАР ЗА БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА И ГОВОР НА ОМРАЗА ВО ОХРИД!

Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, во рамки на заедничките програми на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент III“ и „РОМАКТЕД Програма Фаза II“ со задоволство ги поканува сите млади луѓе да се пријават за нашиот „Летен семинар за борба против дискриминација и говор на омраза“ кој ќе се одржи во перидот од 27 до 29 јуни во Охрид.

Семинарот ќе ги опфати главните концепти на антидискриминација и борба против говор на омраза и ќе овозможи соодветни алатки за учесниците да можат да препознаат дискриминација и говор на омраза и да се борат против нив. Семинарот исто така ќе го покрие концептот на анти-циганизам, спефицична форма на расизам насочена кон ромската заедница.

Советот на Европа ги охрабрува сите млади луѓе на возраст од 18 до 30 години кои се заинтересирани да дознаат нешто повеќе за антидискриминација и борба против говор на омраза да се пријават.

Работен јазик ќе биде македонскиот јазик. Сите трошоци ќе бидат покриени од организаторите.

Доколку сте заинтересирани да учествувате, испратете ја формата за пријавување, заедно со вашето CV на е-пошта[email protected].

Рок за пријавување: 25 мај 2023, 17 ч.

Форма за аплицирање за Летен семинар за борба против дискриминација и говор на омраза

Овој семинар е организиран од проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, кој е дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ и проектот „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“, дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „ROMACTED, фаза II”.

Повеќе информации за прашањата поврзани со темата на летниот семинар можете да најдете на слендите линкови:

Важни линкови за инклузија на Ромите: Стандарди и легални ин струменти на Совет на Европа

Важни линкови за недискриминација и говор на омраза: Стандарди и мониторинг на Совет на Европа