Back Ажуриран курс за Слобода на изразување достапен на ХЕЛП платформата

Ажуриран курс за Слобода на изразување достапен на ХЕЛП платформата

Ажурирана верзија на курсот за Слобода на изразување како дел од ХЕЛП програмата на Советот на Европа (HELP - Европска програма за едукација за човекови права за правни професионалци), сега достапна на ХЕЛП онлајн платформата.

Курсот, кој првично беше припремен во 2016 година, е ажуриран, надграден и модернизиран заедно со Одделот за информатичко општество при Советот на Европа, во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“ имплементиран во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II”. За ажурирање на курсот придонесе и адвокат од Регистарот на Европскиот суд за човекови права.

 

Информации и цели на курсот

Во контекст на ефективна демократија и почитување на човековите прва споменати во Преамбулата на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), слободата на изразување е од клучна важност. Без широко загарантирано право на слобода на изразување заштитено со независни и непристрасни судови, нема демократија.

Во рамки на Европскиот систем за заштита на човековите права, слободата на изразување е заштитена со член 10 од ЕКЧП. Истовремено, слободата на изразување може да е во судир со други права кои ги штити ЕКЧП, како на пример правото на почитување на приватен живот, на совест и религија, итн. До судир може дополнително да дојде и кога властите треба да ги заштитат интересите или вредностите наведени во член 10, став 2 од ЕКЧП, како што се националната безбедност или јавното здравје. При појава на таков судир, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) поставува баланс со цел да се воспостави преовладување на едно право или интерес пред друго. Балансот на конфликтни интереси, меѓу кои и слободата на изразување, ја зема предвид важноста на второто.

ЕСЧП има развиено огромна судска пракса за примена на членот 10 од ЕКЧП. При одлучувањето по предмети кои се однесуват на слободата на изразување, од домашните судови се бара да ги применуваат стандардите развиени од ЕСЧП. За тоа да биде можно, тие мора да се добро запознаени со релевантната судска пракса на ЕСЧП.

Бесплатниот ХЕЛП онлајн курс цели токму кон асистирањето на експерт(к)ите по право, но и на други релевантни експерт(к)и како и студент(к)и на универзитетите, да ги разберат Европските стандарди кои се однесуваат на слободата на изразување и ефективната примена на членот 10 од ЕКЧП на национално ниво.

 

Структура на курсот

Курсот е составен од 4 практични модули. Првиот е вовед во член 10 на ЕКЧП и клучните принципи за негова примена. Останатите модули претставуваат преглед на пристапот на ЕСЧП при справувањето со релевантни теми на кои често расправа во рамки на членот 10.

Курсот е со вкупно траење од приближно 9 часа.

Модул 1: Вовед и клучни принципи

  • Слобода на изразување и меѓународното право
  • Клучни концепти
  • Ограничувања на слободата на изразување
  • Важечки обврски
  • Злоупотреба на слободата на изразување
  • Оштета за повреди

Модул 2:

  • Видови говор заштитени со член 10
  • Приватност и клевета

Модул 3:

  • Регулирање на медиумите
  • Слобода на изразување онлајн
  • Слобода на изразување и избори
  • Заштита на извори на информации
  • Информации добиени во доверливост

Модул 4:

  • Пристап до информации
  • Слобода на изразување и протест
  • Слобода на изразување и спроведување правда
  • Слобода на изразување на работното место
  • Слобода на изразување и религија

На крајот од секој модул има квиз и краток преглед на самиот модул.

На крајот на курсот, корисникот/чката кој/а успешно го заршил/а може да изгенерира и испечати таканаречена ХЕЛП ‘потврда за завршен курс’.

 

Пристап до курсот

Ажурираниот курс е јавно достапен на англиски јазик на ХЕЛП онлајн платформата. До крајот на 2020 година, курсот ќе биде достапен и на соодветните јазици за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

*Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на УНХЦР и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Стразбур 29 јуни 2020 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Horizontal Facility III

Заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal Facility III) е иницијатива за соработка, која трае од 2023 до 2026 година.

Програмата опфаќа проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Тоа им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.

Третата фаза од програмата е во вредност од 41 милион евра (85% финансирани од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Оваа веб-страница е направена со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите изразени овде во никој случај не може да се смета дека го одразуваат официјалното мислење на која било од страните.

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.