Back Мрежата на адвокати и граѓански организации за борба против трговија со луѓе ја потврдува својата посветеност да обезбеди квалитетна правна помош на жртвите на трговија со луѓе во Северна Македонија

Скопје, Северна Македонија 07 ноември 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Мрежата на адвокати и граѓански организации за борба против трговија со луѓе ја потврдува својата посветеност да обезбеди квалитетна правна помош на жртвите на трговија со луѓе во Северна Македонија

Пристапот до бесплатна правна помош и надоместок за неправдите што ги претрпеле жртвите на трговија со луѓе, беше во фокусот на активноста за градење капацитети за спречување и борба против трговијата со деца, организирана во Скопје со поддршка на ЕУ и Советот на Европа. Седумнаесет адвокати и членови на невладини организации ги подобрија своите знаења и вештини за обезбедување квалитетна правна помош на жртвите на трговија со луѓе. Дополнително, мрежата на адвокати и граѓански организации за борба против трговијата со луѓе даде свој придонес кон правилно спроведување на законската регулатива за бесплатна правна, помош преку ставање на располагање на нивното искуство во однос на застапувањето на жртвите преку механизмот за бесплатна правна помош.

 

„ Неопходна е мулти-институционална соработка за ефикасна превенција и борба против овој сериозен криминал. Адвокатската комора и нејзините членови имаат капацитет да пружат квалитетна правна помош на жртвите на трговија со луѓе “, вели г-дин Љубомир МИХАЈЛОВСКИ , претседател на Адвокатската комора на Северна Македонија. Тој зборуваше за начините на кои Адвокатската комора може да им помогне на своите членови да ги подобрат своите капацитети за застапување на жртвите на трговија со луѓе, меѓу другото, преку нудење обуки за комуникација информирана од траума со жртвите на трговија со луѓе и
водење на интервју со оваа ранлива категорија.

Судијката Цветанка ПЕРИЌ, претседателка на неодамна формираната Државна комисија за паричен надоместок на жртвите од кривични дела со насилство, детално ја објасни постапката за барање државен надомест за жртвите на трговија со луѓе. Таа ги информираше присутните дека горенаведената Државна комисија за паричен надоместок веќе функционира, со финализирање на 2 од 3 пристигнати барања за надомест.

Мрежата на адвокати и граѓански организации за борба против трговијата со луѓе исто така беше обучена за комуникација информирана од траума со жртвите на трговија со луѓе и
водење на интервју. Професорката Верица ТРАЈКОВА од граѓанската организација „За среќно детство“, која во минатото пружила психолошка помош на жртвите на трговија со луѓе, поттикна интерес за совладување на четирите начини на комуникација со жртвите на трговија со луѓе и да објасни како да им пристапат на тие жртви за да ја здобијат нивната доверба и да обезбедат информации потребни за заштита на нивниот интерес во правните постапки.

Посебен панел беше посветен на правна помош за жртвите на криминал и трговија со луѓе организирана во соработка со проектот на ЕУ и Советот на Европа: „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“. Присутните беа информирани за новините во Законот за бесплатна правна помош, по што следеше исцрпна дискусија за пристап до бесплатна правна помош за жртвите на трговија со луѓе.

Учесниците беа вклучени во групна работа заснована на вистински случај на трговија со луѓе и симулираа интервју спроведено со претпоставена жртва на трговија со луѓе. Дополнително, тие беа информирани за Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе на Советот на Европа и нејзиното тело за мониторинг - Групата експерти за акција против трговијата со луѓе.

Настанот беше организиран од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна МакедонијаЗајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија “ дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија.

 

 

 

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.