Back Заедничките заложби и соработката – клучни за поефективна борба против говорот на омраза

Press Release
Скопје 31 мај 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Заедничките заложби и соработката – клучни за поефективна борба против говорот на омраза

Јавните власти и локалните чинители во областа на борбата против дискриминацијата и говорот на омраза повторно ја истакнаа својата поддршка и посветеност кон развивањето сеопфатни стратегии и активности во борбата против говорот на омраза и ги дискутираа главните наоди од Препораката на Комитетот на Министри за борба против говор на омраза.

Настанот со наслов „Општество без омраза: заедничка заложба и заедничка цел“, беше организиран од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Борба против омразата и нетолеранцијата“ ги промовираше клучните наоди од Препораката на Комитетот на министри на Советот на Европа за борба против говорот на омраза.

Отворајќи ја конференцијата, заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска рече дека „Советот на Европа и Европската Унија години наназад сериозно го третираат ова прашање и ги помагаат нашите институции и граѓанскиот сектор во напорите да се унапреди правната регулатива како и следењето и анализирањето на состојбата со говорот на омраза во земјава. Она на што би сакала да се осврнам е личната одговорност, особина на оние кои што имаат одредено влијание во средината, а тоа влијание го користат дури и го јакнат преку ширење на омраза. Таквото однесување и таквата реторика на политичарите и јавните личности е катализатор за негативен набој во општеството. И треба сите ние да бидеме свесни во нашите изјави со нашите постапки, каква порака праќаме до граѓаните”.

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, пратеничка во Собранието, се осврна на правната рамка и механизмите со кои може да се делува кон решавање на прашањето за говорот на омраза и додаде дека „Говорот на омраза зборува не за оној кон кој е упатен, туку за оној кој го користи“.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Александру Албу, исто така го поддржа настанот и нагласи дека „Овој проект се случува кога во Северна Македонија тече многу важен процес за реформите кои мора да продолжат и да се забрзаат. За да се изгради општество коешто е конкурентно, мирно и одговара на потребите на граѓаните е општество кое ги штити човековите права.

Еднаквоста и недискриминацијата се од основно значење, тие се основата на сите договори за заштитата на човековите права.“

Од своја страна, Стефано Валенти, раководител на одделението за соработка и против говор на омраза на Советот на Европа, даде приказ на Препораката, ја посочи  важноста на препораката како практична алатка не само во контекст на точен процес на подготовка на законски решенија туку и во спроведувањето на законите кои ја регулираат употребата на говорот на омраза.

Конференцијата продолжи со отворена дискусија за тоа како да се спроведе Препораката за да се третираат различните аспекти на проблемот со говорот на омраза, вклучувајќи и преку изготвување законодавна рамка против говорот на омраза, обезбедувајќи медиумско опкружување што се спротивставува на говорот на омраза и подобрувајќи го прибирањето податоци и соработката меѓу различните чинители во борбата против оваа објава.

Денешниот настан исто така го поттикна дијалогот меѓу претставниците на јавните институции, граѓанското општество и новинарите и другите медиумски професионалци. Се дискутираше за иницијативи што се досега преземени во согласност со Препораката, како и натамошни активности од страна на јавните власти и на граѓанските организации за да се поддржи нејзиното спроведување.

Препораката  на Комитетот на министри за борба против говорот на омраза  е усвоена во мај 2022 во Торино. Таа обезбедува работна дефиниција на говорот на омраза што прави разлика меѓу различните нивоа, според нивната тежина, и ги повикува владите да разработат сеопфатни стратегии за превенција и борба против говорот на омразата.

Оваа активност е организирана во рамки на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата во рамки на програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III”, кофинансирана од Европската Унија и Советот на Европа.

 

 





 



 

 

  

 

Horizontal Facility III

Заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal Facility III) е иницијатива за соработка, која трае од 2023 до 2026 година.

Програмата опфаќа проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Тоа им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.

Третата фаза од програмата е во вредност од 41 милион евра (85% финансирани од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Оваа веб-страница е направена со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите изразени овде во никој случај не може да се смета дека го одразуваат официјалното мислење на која било од страните.

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.