Back Здравствените работници во Северна Македонија ги унапредуваат своите вештини за идентификување и помош на жртвите

Скопје 31 мај – 1 јуни 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Здравствените работници во Северна Македонија ги унапредуваат своите вештини за идентификување и помош на жртвите

Проактивното идентификување, помош и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе, вклучително и деца, е суштинско во борбата против трговијата со луѓе.

За да ги поддржи локалните корисници во нивните напори за унапредување на идентификување, помош и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе, проектот на Европската Унија и Советот на Европа „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ во рамки на заедничката програма Хоризонтален Инструмент III, спроведе мултидисциплинарна обука за здравствени работници.

Триесет и еден учесник, (доктори по општа медицина, гинеколози, медицински сестри, социјални работници, доктори специјалисти, претставници од НВО и полициски службеник) од Скопје, Штип, Тетово, Гостивар и Прилеп, ги подобрија своите знаења и вештини од горенаведената областа и водеа дискусии за задачите и моралната одговорност на здравствените институции во спречување и борба против трговијата со луѓе.

Во текот на дискусијата, Габриела Маџоска, Советничка за недискриминација, заштита и спречување на трговија со луѓе во Министерството за труд и социјална политики истакна: - „Министерството за труд и социјална политика ги извршува своите надлежности во врска со спречувањето и борбата против трговијата со луѓе преку Националниот механизам за упатување (НМУ). Постојат 30 меѓу-општински центри за социјална работа, 5 мобилни тимови, Центар за жртви на трговија со луѓе, 3 центри за жртви на сексуално насилство, и центар за странци. И покрај тоа што е постигнат важен напредок, се уште се соочуваме со предизвици, и овој вид на обуки се потребни за да се надминат предизвиците на полето на борбата против трговијата со луѓе.“

Освен тоа што научија за поимот за трговија со луѓе и видовите на експлоатација, на учесниците им беа претставени и индикаторите за трговија со луѓе и од нив беше побарано да ги препознаат низ неколку различни сценарија. Тие исто така разменија мислења за моралната одговорност и родовата перспектива при заштитата на жртвите на трговија со луѓе и се здобија со практични вештини и разбирања преку практични вежби со студии на случаи.

Она што беше постигнато како резултат од обуката вклучува подигната свесност за трговијата со луѓе, чувство на морална одговорност да бидат идентификувани и заштитени жртвите преку примена на индикаторите за трговија со луѓе и начините како жртвите да бидат заштитени и упатени преку НМУ.

 

 

 

Horizontal Facility III

Заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal Facility III) е иницијатива за соработка, која трае од 2023 до 2026 година.

Програмата опфаќа проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Тоа им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.

Третата фаза од програмата е во вредност од 41 милион евра (85% финансирани од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Оваа веб-страница е направена со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите изразени овде во никој случај не може да се смета дека го одразуваат официјалното мислење на која било од страните.

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.