Horizontal Facility дополнително ја таргетира борбата против корупцијата, економскиот криминал, перењето пари и финансирањето на тероризмот, како и борбата против криминалот во животната средина, што ќе вклучува мерки за справување со транспарентноста на финансирањето на политичките партии, системите за декларација на имот, националните проценки на ризик и развој на капацитети на единиците за финансиско разузнавање.

Back Состанок на работната група одговорна за пишување на Националната стратегија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Северна Македонија

photo: Shutterstock

photo: Shutterstock

Во првата фаза од Проектот против економски криминал во Северна Македонија, Европската Унија и Советот на Европа ги поддржаа институциите во јакнењето на законодавната и политичката рамка за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Во 2019 година проектот допринесе кон ажурирање на Националната проценка на ризик и врз основа на успешната соработка, ова партнерство овозможи подобра регулација на перењето пари и финансирањето на тероризам и истото продолжи и во втората фаза од проектот.

Проектот во моментот допринесува кон развој на новата Национална стратегија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. До сега, клучни претставници од Управата за финансиско разузнавање, експерт од Советот на Европа и тимот на проектот дискутираа и се согласија, преку видео конференција, за следните чекори во оваа насока. Ќе се формира национална работна група за пишување на новата Националната стратегија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам која ќе се надогради на ажурираната Национална проценка на ризик. Овој документ ќе се сподели со експертот на Советот на Европа за понатамошни коментари и препораки, по што истиот ќе биде финализиран.

Проектот против економски криминал во Северна Македонија исто така ќе ги поддржи корисниците во ревизија на Законот против перење пари и финансирање на тероризам со цел истиот да биде усогласен со резултатите од ажурираната Национална проценка на ризик.

Оваа активност е организирана во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022”.

Skopje 4 June 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
Проект против економскиот криминал во Албанија Проект против корупција, перење пари и финансирање тероризам во Босна и Херцеговина Проект против економскиот криминал во Црна Гора Проект против економскиот криминал во Северна Македонија Проект против перење пари во Турција Проект против економскиот криминал во Западен Балкан