Во зависност од потребите и приоритетите на засегнатите корисници, работата во оваа област се концентрира на поддршка на институциите на народниот правобранител, инклузивно образование (со осврт на расизам, малтретирање, сегрегација и екстремизам во образовниот систем, корупција во образованието), справување со трговијата со луѓе ( со фокус на помош на жртвите на трговија со луѓе), спротивставување на дискриминацијата на националните малцинства и/или кога се заснова на сексуална ориентација или родов идентитет.

Back Корисниците и партнерите на проектот за борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија разговараат за клучните пресвртници

Скопје, Северна Македонија 02 декември 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Корисниците и партнерите на проектот за борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија разговараат за клучните пресвртници

На четвртиот состанок, Управниот одбор на проектот „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија “ ги собра во Скопје клучните партнери и корисници за да направат преглед за постигнатиот напредок во текот на спроведувањето на проектот, и разговараа за новите приоритети за 2025 година.

Состанокот го отвори Олег Солдатов, Раководител на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. „Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата соработка со новиот состав на Комисијата за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција и новиот Национален координатор. Нивните задачи во однос на креирање стратегии, координирање на активностите против трговија со луѓе, собирање податоци и известување, се неопходни за создавање синергија меѓу институциите и другите актери против трговијата со луѓе“, повтори Солдатов во своето поздравно обраќање.

Управниот одбор на проектот овозможи форум за дискусија меѓу учесниците, кои ги претставуваат институциите за борба против трговијата со луѓе, како што се полицијата, ресорните министерства, Академијата за судии и обвинители, и граѓанските организации. Тие го испитаа напредокот во остварување на правата на жртвите на трговија со луѓе и поставија приоритети за спречување и сузбивање на оова грозоморно кривично дело.

Меѓу другите истакнати имплементирани иницијативи за 2024 година беа театарската и радио претставата „Маѓепсан круг“ во рамките на иницијативата за подигање на свеста на грантистот Радио Пела, влијанието на дигиталната технологија врз трговијата со луѓе, олеснет пристап до бесплатна правна помош и паричен надоместок за жртви на трговија со луѓе. Управниот одбор го одобри акцискиот план за спроведување на активностите во периодот јануари-јуни 2025 година, фокусирајќи се на мултидисциплинарното градење на капацитетите на засегнатите страни за борба против трговијата со луѓе. Исто така, ги нагласи потребите од иницијативи за подигање на свеста за ризиците од трговија со луѓе и за обезбедување пристап до правата на жртвите на трговија со луѓе.

Проектот „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија “ е дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „ Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција “.

 

Проекти под тема 3: Промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи