Back Министерството за внатрешни работи и Државниот инспекторат за труд на Северна Македонија потпишуваат меморандум за соработка за идентификација и упатување на потенцијални жртва на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Скопје 16 март 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Министерството за внатрешни работи и Државниот инспекторат за труд на Северна Македонија потпишуваат меморандум за соработка за идентификација и упатување на потенцијални жртва на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Во рамки на иницијативата за соработка на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција и поврзаните активности „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ (2019 – 2022) и „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ (2023 – 2026), Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска го потпишаа Меморандумот за соработка во откривање на кривични дела поврзани со трговија со луѓе и трудова експлоатација и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Меморандумот за соработка обезбедува рамка за размена на информации, координирање активности, заеднички надзор и континуирана едукација за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Ова е важна пресвртница која ќе придонесе за обезбедување на заедничко истражување и успешно кривично гонење на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во согласност со Европските вредности и стандарди.

Министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски, го потенцираше значењето на Меморандумот за соработка со Државниот инспекторат за труд за координирано постапување и зголемен број на препознаени и идентификувани потенцијални жртви на трговија со луѓе со цел трудовата експлотација. “Во оваа прилика сакам да упатам искрени честитки до Здружението на млади правници, кои на иницијатива на Националната комисија, а со поддршка на проектот на ЕУ и Совет на Европа за превенција и борба против трговијата со луѓе го изработија Меморандумот за соработка согласно препораките на Експертската група за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА).„ - изјави Mинистерот Спасовски.

„Имајќи го предвид доследното применување на законите, инспекторите ја надгледуваат услогласеноста меѓу законодавството и процедурите за вработените во разните економски сектори. Државниот инспекторат за труд, кој е надлежен да делува во сите регистрирани и нерегистрирани субјекти кои извршуваат одредени активности, игра важна улога во детектирање и откривање потенцијални жртви на трговија со луѓе.   Потпишувањето на Меморандумот за соработка со Министерството за внатрешни работи ќе ги зајакне капацитетите за борба против трговијата со луѓе, ќе придонесе кон поефективна борба против ова кривично дело и ќе овозможи полесно идентификување и заштита на жртвите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација преку заедничко планирање, координација, заеднички надзор и континуирана едукација.“ - изјави Директорката Весна Томовска.

Градењето на капацитети на трудовите инспектори и полицијата за детектирање, идентификување и заштита на жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација е еден од приоритетите на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија. Меморандумот за соработка се заснова на пристап кој е фокусиран на жртвата, подржувајќи проактивно идентификување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација и нивна заштита. Исто така, ќе придонесе за соодветен кривично-правен одговор во случаите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Меморандумот за соработка потпишан денес, претставува силен инструмент за ефективно спречување и борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во државата. Заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе со задоволство обезбеди стручна помош и поддршка на активностите кои водеа до потпишувањето на овој Меморандум, и е подготвен за понатамошна соработка.“ - рече Моника Петровичи, Виша раководителка на проект во Одделението против трговија со луѓе – Оддел за соработка во Совет на Европа.

Програмата на Европската Унија и Советот на Европа, Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција има за цел да им помогне на земјите-кориснички во исполнување на стандардите на Советот на Европа и правото на Европската Унија во рамки на процесот за проширување.

Horizontal Facility III

Заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal Facility III) е иницијатива за соработка, која трае од 2023 до 2026 година.

Програмата опфаќа проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Тоа им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.

Третата фаза од програмата е во вредност од 41 милион евра (85% финансирани од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Оваа веб-страница е направена со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите изразени овде во никој случај не може да се смета дека го одразуваат официјалното мислење на која било од страните.

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.