Back Прв Управен одбор за правни професионалци/ки во рамки на ЈУФРЕКС одржан со партнерските организации во Северна Македонија

Прв Управен одбор за правни професионалци/ки во рамки на ЈУФРЕКС одржан со партнерските организации во Северна Македонија

Управниот одбор на правни професионалци/ки во рамките на ЈУФРЕКС, го одржа првиот онлајн состанок и се осврна на постигнатите резултати и идните активности кои ги засегаат правните професионалци/ки. Состанокот организиран во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа, Horizontal Facility II, се одржа со клучни претставнички од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Делегацијата на ЕУ во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора на Северна Македонија како партнери во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа, Horizontal Facility II, проектот ЈУФРЕКС.

Оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, г-а Лејла Дервишагич, го отвори состанотокот и ја истакна важноста на слободата на изразувањето како едно од основните човекови права и како основа на едно демократско општество. Таа ја искажа нејзината поддршка за проектниот тим и нејзината посветеност да ги поддржи следните активности и да одговори на потребите на корисниците и партнерите.

Програмската менаџерка за Слобода на изразување, информатичко општество и култура во Делегацијата на ЕУ во Скопје, г-а Сања Фрковиќ-Гелевска, кратко се осврна на минатата соработка и поддршка од страна на Европската Унија и истакна дека тековната соработка на проектот ЈУФРЕКС овозможува придобивки за партнерите од флексибилноста и експертизата на експертите/ките од Советот на Европа, како и од публикациите кои се сега достапни преку проектот, а претставуваат основа за идната работа на сите релевантни чинители.

Претставничките од Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора, г-а Наташа Габер Дамјановкса и г-а Елена Павловска Доковска, соодветно, го истакнаа своето задоволство од соработката со ЈУФРЕКС тимот на Советот на Европа, како и прилагодувањето на проектот на КОВИД-19 и неговото одговарање на потребите на партнерите и на сите релевантни чинители.

ЈУФРЕКС продолжува и понатаму да биде посветен на подобрувањето на слободата на изразување во Северна Македонија, онака како што е таа дефинирана во членот 10 од Европската конвенција за човекови права и останува отворен да одговори на потребите и барања на своите партнери во однос на оваа важна тема.

Проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022”

СКОПЈЕ 23 ФЕВРУАРИ 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page