Back Подобрување на капацитетите на јавните чинители во Северна Македонија во однос на случаи на семејно и родово-базирано насилство и случаи во кои се инволвирани деца

Охрид 15-17 мај 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Подобрување на капацитетите на јавните чинители во Северна Македонија во однос на случаи на семејно и родово-базирано насилство и случаи во кои се инволвирани деца

Тридневни активности за градење на капацитетите за пристап до правда во случаи на семејно насилство и родово-базирано насилство, како и случаи во кои се инволвирани деца, беа спроведени за вработените во подрачните одделенија и канцеларии на Министерството за правда, центрите за социјална работа и Министерството за внатрешни работи.

Обуката имаше за цел да ги подобри вештините и ефективноста на вработените во подрачните одделенија и канцеларии (ПО/ПК) на Министерството за правда (МП) и центрите за социјална работа (ЦСР), особено кога работат на случаи на семејно и родово-базирано насилство. Особен фокус во дискусиите беше ставен на подобрувањето на координацијата и соработката меѓу ЦСР, ПО/ПК и МВР.  Понатаму, една од задачите на обуката е да им се помогне на релевантните професионалци од државната администрација да добијат сеопфатен преглед на европските стандарди кои се однесуваат на правда за деца, а особено стандардите на Европскиот суд за човекови права собрани преку судската пракса против Северна Македонија (случајот на Митови, случајот на Олури и случаите на Митрова и Савиќ). Ова ќе придонесе за поуспешна и поконзистентна примена на европските стандарди во нивната секојдневна работа.

Проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската унија и Совет на Европа, имплементирана од Совет на Европа.

Horizontal Facility III

Заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal Facility III) е иницијатива за соработка, која трае од 2023 до 2026 година.

Програмата опфаќа проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Тоа им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.

Третата фаза од програмата е во вредност од 41 милион евра (85% финансирани од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Оваа веб-страница е направена со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите изразени овде во никој случај не може да се смета дека го одразуваат официјалното мислење на која било од страните.

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.